Медиумите од Италија пишуваат за можна трампа помеѓу Јувентус и ПСЖ, „старата дама“ сака во Париз да го испрати Жонатан Давид, а за возврат да го добие Рандал Коло Муани.
Минатото лето, Јувентус ги донесе Жонатан Давид и Луис Опенда како засилувања за нападот, но двајцата не се снајдоа во Торино, па лесно може да се случи да си заминат по само 12 месеци во „бело-црниот“ дрес.
Газета дело Спорт пишува за можна трампа помеѓу Јувентус и ПСЖ со која Жонатан Давид ќе се пресели во Париз, додека пак Рандал Коло Муани повторно ќе го облече дресот на „старата дама“.
Двајцата играчи се проценуваат на околу 40 милиони евра, па при една ваква зделка, Јувентус ем ќе добие добро познато име, ем ќе оствари огромна капитална добивка со оглед на тоа дека напаѓачот од Канада пристигна беспари.
Во меѓувреме, на „бјанконерите“ им е понуден и Џошуа Зиркзе, кој не се снајде во Манчестер јунајтед и летоска сака да ја промени средината.
Агентот на Холанѓанецот стапил во контакт со Јувентус и го известил дека може да се реализира трансфер вреден околу 25 милиони евра. Па доколку се најде купец за Луис Опенда, ќе се отвори простор и за една ваква зделка.
ФОТО: X/JuventusFC