„Кралевите“ летоска ќе прават мала чистка и се говори дека шест фудбалери можат да го напуштат „Бернабеу“, на листата за острел има и едно звучно име – Едуардо Камавинга.
Сезоната 2025/26 не оди според планот на Флорентино Перез, Чаби Алонсо доби отказ откако не успеа да ги наметне своите идеи, а се чини дека и Алваро Арбелоа има слични проблеми, да обезбеди квалитетни партии во континуитет.
Се прават планови за ангажман на нов тренер, а во исто време се подготвува и мала чистка.
Летоска ќе има реконструкција на одбраната, но можно е да замине и едно звучно име.
На листата за отстрел се наоѓаат играчи како Давид Алаба, Антонио Ридигер, Ферланд Менди, Фран Гарсија и капитенот Дани Карвахал.
Понуди ќе се слушаат и за Едуардо Камавинга, и доколку пристигне богат предлог, Французинот ќе биде продаден и покрај тоа што беше донесен како еден од најперспективните во својата генерација.