Дисциплинската комисија жестоко го казни ЖФК Љуботен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе строга одлука за прекинатиот натпревар меѓу АС Јунајтед и Љуботен во ПЖФЛ, кој не беше доигран откако гостинките го напуштија теренот.

Одлуката беше донесена според пропозициите за натпреварување. Тетовскиот клуб е казнет со одземање на девет бода поради повлекувањето од мечот од 17. коло. Покрај бодовната санкција, Љуботен ќе мора да плати и 750 евра парична казна.

Дополнително, Дисциплинската комисија отвори постапка и против претседателот Драгољуб Јовановски, кој според извештаите бил иницијатор за напуштањето на теренот.

Оваа одлука значително ја менува состојбата на табелата, па Љуботен сега паѓа на 34 бода и ја губи втората позиција и целосно ги отфрла од борбата за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×