Перез има нова голема желба, Реал Мадрид подготвен да плати и 160 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации, Флорентино Перез размислува за нов голем трансфер, желба на „кралевите“ како што пишува „Билд“ сега е одличниот фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Олисе оваа сезона блеска во дресот на Баерн Минхен и на 38 натпревари постигна 15 гола додавајќи и 27 асистенции во сите натпреварувања, што го прави еден од најдобрите играчи во Европа.

Сепак, оваа трансфер-операција нема да биде лесна, бидејќи Баерн Минхен не е клуб кој се откажува од своите најголеми ѕвезди. Олисе летото 2024 година пристигна како големо засилување за 53 милиони евра од Кристал Палас, а сега неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 130 милиони евра. Шпанските медиуми тврдат дека Реал нема да има проблем да плати и до 160 милиони евра за трансферот на 24-годишниот Французин.

Олисе е веќе стандарден член на репрезентацијата на Франција и се очекува заедно со Килијан Мбапе да бидат тандем кај Дидие Дешан, па така по Мундијалот на лето неговата цена би можела и да порасне. Во дресот на Баерн, Олисе досега има 93 натпревари, 35 гола и 50 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×