47
Шкендија со минимални 1-0 го победи Арсими, капитенот Бесарт Ибраими беше херојот на тетовскиот тим, тој беше стрелецот на единствениот гол.
Се играше 18. минута кога Ибраими мајсторски се ослободи од двајца фудбалери, а потоа биеше од далечина и погоди за водство на Шкендија од 1-0.
Тоа беше единствениот гол на натпреварот, вреден три бода за Шкендија.
Тетовскиот тим е на второто место со три бода помалку од водечкиот Вардар.
Голот на Ибраими може да го погледнете на овој ЛИНК.