9
По двете последователни победи, Валенсија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Овиедо, кој славеше минимално со 1-0 и покрај тоа што се наоѓа на дното на табелата.
Домаќините до решавачкиот погодок стигнаа по околу половина час игра, кога ја затресоа мрежата зад македонскиот голман Столе Димитриевски. Иако тој подоцна имаше неколку одлични интервенции и спречи поголема предност на Овиедо, Валенсија не успеа да се врати во игра.
Во завршницата гостите се обидоа да извршат притисок и да дојдат до израмнување, но одбраната на Овиедо издржа до крај и ги задржа трите бода на домашен терен.
David Costas
— Goal Gallery (@Goalgallery2) March 14, 2026
Real Oviedo 1–0 Valencia pic.twitter.com/y3cSxTu5mn