Екипата на Баерн Минхен не успеа да ја продолжи серијата на победи во Бундеслигата и по пет триумфи во низа ремизираше со 1-1 на гостувањето кај Баер Леверкузен.
Шампионот беше во тешка ситуација и до бодот дојде со два фудбалери помалку, а видовме и два поништени гола. Сепак, во финишот по реакција на ВАР се поништи и еден погодок на домаќините, па така избраниците на Компани до некаде може да се задоволни.
Натпреварот не го завршија Џексон и Диаз кај Леверкузен, а во листата на стрелците се запишаа Гарсија за Леверкузен и Дијаз за гостите од Минхен.
Борусија Дортмунд го искористи киксот на шампионот и со сигурна игра дома го победи Аугсбург со 2-0. Адејеми постигна гол во првото полувреме, а Реџиани го постави конечниот резултат.
Три бода освои и Ајнтрахт Франкфурт, кој со погодокот на Арно Калимуендо во 53. минута го совлада Хајденхајм.
Хофенхајм пак, во последните моменти дојде до бод против Волфсбург, откако Константинос Кулиеракис донесе водство за гостите, а Гриша Промел изедначи на 1-1.
По ова коло, Баерн останува лидер со 67 бода, Борусија Дортмунд е втор со 58, а Хофенхајм трет со 50 бода.