Скандал во Турција: Екипата на Чурлинов се повлече од теренот поради пенал! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот од Суперлига на Турција меѓу Кочаелиспор каде што настапува Дарко Чурлинов и Коњаспор имаше бурен и тензичен финиш, а победникот беше решен со гол од пенал во судиското продолжение, што предизвика големо незадоволство кај домашниот тим.

При резултат 1:1, судијата досуди пенал за гостите, по што тренерот на Кочаелиспор, Селчук Инан, во знак на протест им нареди на членовите на стручниот штаб и на резервните играчи да ја напуштат клупата и да се упатат кон соблекувалната. Поради ваквата реакција, судијата му покажа црвен картон.

Во четвртата минута од судиското продолжение пеналот сепак се изведе, а Џексон Мулека беше прецизен од белата точка и со својот погодок му донесе триумф на Коњаспор.

Чурлинов го почна натпреварот и на теренот беше до 78-та минута кога беше заменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×