Парма си постигна два автогола во две минути, Торино ги освои бодовите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Торино вечерва ја забележа само втората победа во последните шест натпревари во Серија А, откако со многу среќа го совлада Парма со 4-1, благодарение на два автогола на гостите во второто полувреме.

Првото полувреме беше динамично и возбудливо. Домаќините стартуваа фуриозно, а уште во раната фаза напаѓачот Џовани Симеоне погоди за 1-0, донесувајќи радост на трибините.

Парма постепено ја врати иницијативата и успеа да израмни преку Пелегрино, со што резултатот на паузата остана 1-1, и покрај неколкуте обиди од двете страни.

Второто полувреме донесе неверојатни сцени: за само две минути, гостинскиот тим си постигна два автогола, кои го одлучија победникот. Делпрато и Кеита беа трагичарите на Парма, додека резервистот Запата го постави конечниот резултат 4-1 во првата минута од судиското надополнување.

Со овој триумф, Торино прекина серијата од пет натпревари без победа, додека Парма ја продолжува борбата за опстанок. Во следното коло, Парма ќе го пречека Кремонезе, а Торино ќе гостува кај Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×