Јувентус прави конкретни чекори за да дојде до потписот на Грозданова!

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска талентка, Меланија Грозданова од следната сезона би требало да потпише за голем европски клуб, а најсериозен кандидат засега е Јувентус.

Грозданова една недела поминала во тимот на Јувентус каде што се запознала со тренерите и условите за работа.

Според италијанскиот новинар, Руди Галети, Јувентус продолжува да ја следи Меланија Грозданова.

Грозданова неодамна со 17 години и 70 дена го постигна првиот гол за македонската сениорска репрезентација, тоа беше дуелот против Андора кој го игравме во Битола.

Во овој момент Грозданова настапува за ЖФК Љуботен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×