Најк и Бразил вчера го промовираа гостинскиот дрес за Светското првенство во САД, за прв пат логото на Мајкл Џордан ќе се појави на национален дрес.
Во светот на фудбалот обично се пишува за трансфер бомби, но доцна синоќа пристигна „текстилна бомба“.
Најк го промовираше гостинскиот дрес на Бразил за мундијалот во САД, и за прв пат логото на Мајкл Џордан ќе се појави на национален дрес.
И сите инволвирани страни се погрижиле за финалниот продукт да изгледа страшно и „кариоките“ да го имаат еден од најубавите дресови на Светското првенство.
Дресот е мотивиран од неколку предатори типични за Бразил како отровната жаба стрелечка, јагуарот и анакондата, а графиката е модернизирана верзија на познатиот „слон принт“ кој Мајкл Џордан го користеше на своите патики.
Посебно внимание е посветено на деталите, логото на Фудбалската федерација на Бразил е поставено во центарот и над него стојат петте ѕвезди за освоените светски титули. Контрастот меѓу „Џампмен“ логото и бразилскиот грб му дава нов карактер на овој гостински дрес, за кој веќе се предвидува дека ќе стане глобален бестселер.
CBF e Jordan Brand lançam segundo uniforme da Seleção, em parceria histórica enraizada na grandeza.
— brasil (@CBF_Futebol) March 12, 2026
Saiba mais: https://t.co/UJtxumhvZQ pic.twitter.com/O0gxssDP4K