Даглас Луиз бргу ја заборави најубавата фудбалерка на светот и има нова девојка! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер Даглас Луиз има нова љубов, само кратко време по разделбата со атрактивната фудбалерка Алиша Леман, играчот очигледно веќе има нова девојка.

Станува збор за Марија Едуарда Гаспар, ќерката на легендарниот поранешен фудбалер на Арсенал, Еду. Врската стана јавна преку социјалните мрежи, откако Марија Едуарда на Инстаграм објави фотографија на која е во прегратките на бразилскиот фудбалер.

Фотографијата брзо привлече внимание кај фановите, кои веднаш почнаа да коментираат за новата љубов на Луиз. Очигледно е дека бразилскиот играч не чекал долго за повторно да пронајде среќа во љубовта.

Даглас Луиз моментално е фудбалер на Јувентус, меѓутоа игра како позајмен во Астон Вила, а тимот од Бирмингем има опција да го откупи неговиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×