Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа откри дека му испратил порака на Антонин Кински и го советувал својот колега од Тотнем да не паѓа во депресија и да продолжи со напорна работа.
Антони Кински имаше кошмарно деби во Лигата на шампиони, на натпревар против Атлетико Мадрид направи два големи кикса, прими три гола по петнаесетина минути игра, па беше заменет.
Сепак, тој доби поддршка од многу поранешни и сегашни голмани, а еден од нив е и Тибо Куртоа.
„Му пишав на Инстаграм, му кажав дека и јас сум правел грешки, и во Атлетико и во Челси! Два пати бев понижен од Меси, ми ја протна топката меѓу нозе…“ – вели голманот на Реал Мадрид.
„Му кажав дека мора да извлече поука од сето ова… животот е тежок и тој мора да продолжи да верува, тоа е единствениот начин. Има талент и треба да продолжи со напорната работа“.
„Голманската позиција е многу ранлива. Кога ќе направите грешка, тоа значи примен гол. Неговите соиграчи и сите во Тотнем треба да му дадат поддршка“.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur