Женскиот фудбалски клуб Љуботен во 75. минута го напушти натпреварот против Ас Јунајтед откако по третпат им беше поништен гол.
Денешниот меч од првата женска лига меѓу Ас Јунајтед и Љуботен не го доживеа крајот откако гостинските фудбалерки го напуштија теренот револтирани од лошото судење.
Судиите по третпат им поништија гол. Овој поништен погодок веројатно беше кулминацијата на нивната фрустрација од судењето по што раководството на клубот реши да ги повлече фудбалерките.
Пред овој погодок им беше поништен гол поради офсајд иако очигледно немаше фудбалерка на Љуботен која е во недозволена ситуација.
Screenshot
Љуботен е втор на табелата со пет бода помалку од лидерот Скопје.