Мбапе во соблекувалната на Реал барал совети како да ја ќари една од најпопуларните актерки во Шпанија

by bojan
1 минути читање

Килијан Мбапе во последно време е во фокусот на јавноста поради работи кои не се поврзани со фудбалот, напаѓачот на Реал Мадрид е главна тема на таблоидите поради врската со актерката Естер Експосито.

Килијан Мбапе оваа недела неколку дена беше во Франција, се шпекулираше дека напаѓачот се мачи со повреда на коленото, не е задоволен од начинот на кој Реал Мадрид ја менаџира ситуацијата, па сакал да се консултира и со луѓе од доверба.

Но во исто време тој се најде во фокусот на јавноста откако беше обелоденето дека во Париз друштво му прави популарната шпанска актерка, Естер Експосито.

Па набрзо двајцата станаа главна тема на таблоидите, а неговата повреда падна во втор план.

Новинарката Летисија Реквехо сега открива дека соблекувалната на Реал Мадрид му помогнала на Килијан Мбапе да ја ќари Естер Експосито.

„Ми беше кажано дека Мбапе пројавил огромен интерес за актерката, дури и ги прашувал соиграчите во соблекувалната, бидејќи само ја прател на социјалните мрежи. Опипал терен, па остварил контакт преку профилите на социјалните мрежи“ – вели Реквехо.

„Прерано е да се зборува за романтична врска, во моментов двајцата си поминуваат убаво и не се поред притисок да бидат пар, ги оставаат работите ра да се развиваат природно“.

Патувањето на Килијан Мбапе во Париз стигна и до Пеп Гвардиола, кој испрати зајадлив коментар пред натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Зарем толку е важно моето мислење дали Килијан Мбапе требал или не требал да патува во Париз кога се опоравува од повреда? – рече Пеп Гвардиола, и кога новинарите останаа разочарани, тој додаде: „Патем, од она што видов, не беше сам во Париз“ и изнуди насмевка кај сите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×