Српски голман прави трансфер од 60 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Српскиот голман Миле Свилар веќе подолго време брани одлично во дресот на Рома и според мислењето на многу фудбалски експерти важи за еден од најдобрите голмани во Серија А. Токму поради одличните настапи, не изненадува што за него постои сериозен интерес од неколку врвни европски клубови.

Свилар неодамна го продолжи договорот со Рома до 2030 година, но италијанските медиуми пренесуваат дека европскиот шампион Пари Сен Жермен сериозно размислува во летниот преоден рок да го доведе во своите редови.

Рома наводно бара околу 60 милиони евра за негов трансфер, сума која претставува пречка за Интер, клуб кој исто така го следи српскиот чувар на мрежата. Поради тоа, миланскиот тим почнал да размислува и за други решенија, меѓу кои е и голманот на Тотнем, Викарио.

За разлика од Интер, високата отштета не претставува проблем за клубот од Париз. Парижаните минатото лето останаа без Донарума, потоа го ангажираа Шевалие, се обидоа и со Сафонов, но очигледно не се целосно задоволни, па се во потрага по ново решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×