18
Со вчерашниот натпревар помеѓу Работнички и Арсими беше комплетирано 22. коло во Првата македонска лига.
Ова беше коло кое не донесе некои погодоци кои посебно се издвојуваат, па така за гол на колото го избравме погодокот со глава на фудбалерот на Струга, Кирјакос Мазолухис. Се играше 50-тата минута од дуелот со Шкупи кога Мазаолухис одлично се снајде и од тешка позиција со глава го совлада голманот на чаирчани.
Натпреварот на крајот заврши со убедлива победа на Шкупи од 5-0.