Не запира со глупости ниту по фудбалската кариера, уапсено „лошото момче“ од Англија

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е уапсен по инцидент што се случил во близина на голф-терен во округот Мерсисајд, соопшти локалната полиција.

Според информациите, нападот се случил во неделата полицијата пронашла маж со повреди на лицето и ребрата. Поради сомнение за нанесување тешки телесни повреди биле приведени двајца мажи на возраст од 50 и 43 години, кои се задржани во притвор и се испрашуваат.

Повредениот бил пренесен во болница каде лекарите извршиле детални прегледи поради повредите.

Информацијата за апсењето се појави и за време на рочиште пред Високиот суд во Лондон во рамки на тужбата за клевета што Бартон ја води, кога неговиот адвокат информирал дека бил известен од полицијата во Ливерпул дека поранешниот фудбалер се наоѓа во притвор.

Во текот на кариерата Бартон настапуваше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс, Барнли и Ренџерс, а по завршувањето на играчката кариера во 2017 година се посвети на тренерската работа. Тој беше познат како „лошо момче“ кое често влегуваше во конфликти со судии и противнички играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×