Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Витиња вели дека тешко е да се победува кога тројца играчи не трчаат, па затоа триото Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар не донеле голем успех.
ПСЖ имаше страшен напад составен од Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, офанзивното трио можеби донесе многу милиони во клупската класа, но на теренот резултатите беа под очекувањата.
Витиња, кој се издигна како еден од главните играчи на ПСЖ по заминувањето на мега ѕвездите, вели дека тешко е да се постигне успех кога тројца не трчаат.
„Меси, Мбапе и Нејмар се помеѓу најдобрите во историјата, но тоа не значи дека се и најдоброто решение за тимот. Не можете да си дозволите да имате еден, двајца или тројца играчи кои не трчаат“ – вели Португалецот.
„Токму тоа е главната разлика со сегашниот тим на ПСЖ. Напаѓачите како луди ги маркираат противничките бекови. Гледаме како Дембеле и Рамош притискаат уште на работ од шеснаесетникот, тие се први кои се обидуваат да ја одземат топката“.