Шкендија против Брера треба да ја потврди победата од дербито со Вардар

by 24 фудбал
1 минути читање

По победата над Вардар, екипата на Шкендија ја направи трката за титулата во ПМФЛ далеку поинтересна. Сега тетовскиот тим треба да ја потврди против Брера пред својата публика.

Шампионот на Македонја ќе ги дочека струмичани, а пред мечот своите очекувања ги сподели голманот Бубакар Гаје.

Атмосферата во екипата е на високо ниво. Ако постојано играте добро и победувате, тоа ќе ви ја зголеми самодовербата уште повеќе. Мечот против Вардар беше тежок, но влеговме во него со намера да го добиеме, и го добивме. Сега за нас секој следен натпревар е најважен, и сакаме да продолжуваме да победуваме. Немаме право на грешки. Мораме да се фокусираме кон мечот со АП Брера, да дадеме се од себе и да ги земеме бодовите. Во фудбалот без разлика против кого и да играш, мораш да бидеш смирен, сконцентриран максимално и без потценување кон било кој противник. Ќе ја играме нашата игра, на теренот ќе дадеме максимум, ќе се бориме за секоја топка. Само така можеме да стигнеме до нашата цел. Имавме некои проблеми во минатото кога моравме да се враќаме од негатива на некои натпревари, затоа што не внимававме и правевме грешки на почетокот на мечевите. Сега ќе мораме да бидеме фокусирани уште од првата минута, да бидеме доминантни и да го добиеме овој натпревар на домашен терен, и со тоа да ја продолжиме трката за шампионската титула“, смета голманот.

Од друга страна, од таборот на струмичани преку мрежата на ФФМ пристигна кратка порака.

Како и на секој натпревар, влегуваме да се надигруваме и да одиграме најдобро што можеме“, е пораката од струмичкиот тим.

Пресметката меѓу Шкендија и Брера ќе се одигра на „Градскиот стадион“ во Тетово во терминот од 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×