Масовна тепачка во Бразил, доделени дури 23 црвени картони! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Минатата ноќ во Бразил на натпреварот меѓу Крузеиро и Атлетико Минеиро се случи масовна тепачка во која учествуваа речиси сите фудбалери на двете екипи, и стартерите и оние од клупата.

Инцидентот почна во последните секунди од натпреварот кога домашниот фудбалер Кристијан грубо стартуваше врз противничкиот голман Еверсон. На тој старт бурно реагираше голманот кој го нападна фудбалерот, и тогаш се запалија сите фудбалери.

На теренот настана вистински хаос, се вклучија сите, не се знаеше кој кого удира, ситуацијата комплетно излезе од контрола, страстите не можеа долго да бидат смирени.

Дисциплинската комисија дополнително додели дури 23 црвени картони за овој инцидент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×