Спортскиот директор на Барса, Деко крои планови за живот без Роберт Левандовски, на врвот на листата со желби се Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Хари Кејн од Баерн Минхен.
Роберт Левандовски ја одработува последната година од договорот со „каталонците“ и се почесто се говори дека тој нема да добие нова соработка, па летоска ќе го напушти Камп Ноу.
Низ медиумите кружат неколку имиња кои би можеле да го заменат Полјакот, а главниот избор се сведува на две галактикос имиња.
Прв на листата со желби на спортскиот директор Деко е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, додека пак планот Б е Хари Кејн од Баерн Минхен.
Душан Влаховиќ не е опција и тој веќе е шкртнат, а помеѓу алтернативите се споменуваат уште и Виктор Осимен од Галатасарај и Омар Мармуш од Манчестер Сити.