898
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го постигна првиот гол за Наполи оваа сезона откако реализираше против Торино за водство од 2-0.
Елмас долго чекаше на својот прв гол за Наполи во Серија А откако се врати во клубот, погодокот конечно дојде денеска и тоа против тимот каде играше шест месеци на позајмица.
По асистенција на Политано, Елмас фантастично се снајде и со полуволеј реализираше за водство на Наполи од 2-0.