Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус и Душан Влаховиќ повторно седнале на преговори за продолжување на соработката, „старата дама“ нуди плата помеѓу 6 и 7 милиони евра по сезона.
Душан Влаховиќ ги одработува последните месеци од договорот со Јувентус и изминатиов период често се пишуваше дека тој летоска сигурно ќе го напушти Торино откако не успеа да си подаде рака со раководството за нова соработка.
Но последните информации велат дека двете страни одново седнале на маса и постои расположение да се пронајде компромис.
Ова следува откако Душан Влаховиќ бил понуден на Барселона, но „каталонците“ одговориле дека Србинот во моментов не им е приоритет.
Се шпекулира дека Јувентус на напаѓачот му нуди плата помеѓу 6 и 7 милиони евра по сезона, односно платата која ја доби и Кенан Јилдиз.