Повредата на Килијан Мбапе на коленото не е едноставна, Французинот мора да биде претпазлив во наредниот период и да не форсира брзо враќање.
Мбапе се врати во Франција за да го реши проблемот со коленото. А од таму му рекле дека лигаментот едвај се држи и доколку продолжи да игра ризикува да го скине, а со тоа да го пропушти и Светското првенство.
Тој ќе се опоравел многу побрзо од оваа повреда која ја влече подолго време доколку уште во декември докторите на Реал Мадрид му кажале дека мора да престане да игра и дека е преризично да игра.
Но, докторите не му кажале дека е ризично да игра, па тој се форсираше себеси играјќи во болка.
Откако болките станеле неподносливи, тој реши да се врати во Франција и да се консултира со тамошни доктори кои му ја кажале точната дијагноза.
Нејасно е колку време Мбапе ќе биде во аут, со сигурност ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.