Празна „нула“ на Пелистер и Силекс во Битола

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер и Силекс ги поделија бодовите во натпревар од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига, откако дуелот во Битола заврши без постигнати голови.

На стадионот „Петар Милошевски“ се одигра цврст и израмнет натпревар со мал број вистински шанси, па конечниот исход 0-0 на крајот се покажа како најреален епилог.

Во првото полувреме поиницијативен беше Пелистер, а најопасен пред голот на гостите беше Лука Булатовиќ кој се закани во две ситуации. Во продолжението Силекс ја презеде контролата на теренот и создаде неколку добри можности, но Мирчевски и Пиреш не успеаја да ја затресат мрежата.

И покрај шансите на двете страни, мрежите мируваа до последниот свиреж, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×