423
Фудбалерите на Вардар загубија од Шкендија (1-2) во натпревар од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.
По натпреварот на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ, тензиите зовреа. Во финишот вардарци бркаа резултат, а гостите грчевито се бранеа. По последниот судиски свиреж дојде до турканица и мораше да реагираат и редарските служби, а тука беше и полицијата поради лутите навивачи.