160
„Старата дама“ сака да ги ангажира Сандро Тонали, Леон Горецка и Бернардо Силва но за ваков трансфер пазар потребен им е настап во Лигата на шампиони.
Раководството на Јувентус сака да донесе неколку звучни имиња за засилување на тимот, но како што пренесува „Газета дело Спорт“, за реализација на планот е потребен пласман во Лигата на шампиони.
Настап во најелитното европско натпреварување ќе значи финансиска добивка од околу 60-70 милиони евра, па ова ќе ја отвори вратата за ангажман на играчи како Сандро Тонали, Леон Горецка и Бернардо Силва.
На 11. кола до крајот на сезоната, „старата дама“ е на позицијата број шест и со -4 во однос на Рома.