Се за да успее во Јувентус, Опенда откри како изгледа капинг терапија (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Луис Опенда се мачи со формата во Јувентус, напаѓачот очигледно прави се за да успее во Торино, на социјалните мрежи откри дека бил на капинг терапија.

Во завршните денови од летниот преоден рок, Луис Опенда пристигна во Јувентус на позајмица со обврска во целост да биде купен за околу 40 милиони евра.

Но напаѓачот се мачи во „бело-црниот“ дрес, има само еден гол во Серија А, и уште еден во Лигата на шампиони.

Но тој очигледно прави се за да успее во Торино, не само што работи на своите технички и тактички вештини, туку и на своите физичко здравје.

На социјалните мрежи тој откри дека бил на капинг терапија, древна техника на масажа со вакум. Во последно време е прилично популарна кај спортистите, со специјални чашки се прави „вакум ефект“ и се стимулира циркулацијата, а со тоа се поттикнува регенерација на мускулите и телото.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×