Медиумите од „островото“ пренесуваат дека грчките полицајци му побарале мито на Хари Мегавер, односно 50.000 фунти за да исчезне неговото апсење на Миконос, но фудбалерот на Манчестер јунајтед одбил да плати.
Хари Мегваер заврши зад решетки во август 2020 година, дефанзивецот на „ѓаволите“ влезе во инцидент со локалната полиција за време на летниот одмор на островот Миконос.
Во првичната пресуда, тој беше осуден на 21 месец и десет дена условна казна, но неговиот правен тим поднесе жалба, а оваа недела, на повтореното судење, казната беше намалена и сега изнесува 15 месеци условно.
Но Англичанецот и понатаму ја отфрла вината, се најавува жалба до Врховниот суд.
Во меѓувреме, медиумите од „островото“ откриваат дека грчки полицајци му побарале мито на Хари Мегваер од 50.000 фунти, за оваа сума ќе исчезнало апсењето и сите проблеми кои следуваат.
Но фудбалерот одбил, извор запознаен со ситуацијата вели: „Му понудија случајот да исчезне ако плати 50.000 фунти, но тој попрво ќе прифати да биде прогласен за виновен отколку да плати мито. Нема шанси да плати, Хари ќе си го обели образот. Нема да престане да се бори, ако треба ќе оди и на Врховен суд“.
ФОТО: X/Manchester United