Манчестер Сити вчера не успеа да стигне до победа и одигра 2-2 против Нотингем Форест, резултат со кој Арсенал дополнително ја зголеми предноста на табелата на седум бода, иако „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.
Сепак, доколку на крајот од сезоната не ја освојат титулата, избраниците на Пеп Гвардиола сигурно ќе се потсетат на огромната шанса која ја пропуштија во самиот финиш од овој натпревар.
Во последните секунди од судиското продолжение Савињо се најде во одлична позиција за погодок. Пред себе го имаше голманот на Нотингем кој веќе беше на колена, упати удар кон голот, но во последен момент Мурило интервенираше и ја блокираше топката.
Со таа одбрана Нотингем Форест успеа да освои вреден бод, а воедно му направи и услуга на Арсенал во трката за шампионската титула