Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ќе паузира од две до четири недели поради повреда, јавуваат медиумите од Португалија. Напаѓачот во моментов е надвор од комбинација и сигурно ќе ги прескокне следните два натпревари на својот клуб.
Неговата состојба ќе биде внимателно следена во наредниот период, по што ќе стане појасно дали ќе може да ѝ се стави на располагање на репрезентацијата на Португалија за претстојните пријателски средби закажани за 29 март, меѓу кои и дуелот со селекцијата на САД.
Според информациите од португалските извори, нема простор за загриженост околу неговиот настап на претстојното Светско првенство идното лето, каде што се очекува Роналдо повторно да биде еден од главните адути на националниот тим.