74
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изрази надеж дека уште еднаш ќе одигра елиминациска средба со Барселона оваа сезона.
Атлетико Мадрид ја мина Барселона во полуфиналето од шпанскиот куп откако на домашен терен победи со 4-0, а на гостински загуби со 0-3.
„Му кажав на Флик дека одиграа фантастичен меч. Се надевам дека ќе имаме можност пак да се сретнеме, можеби во четвртфиналето од Лигата на шампионите, за да ја покажеме нашата најдобра игра уште еднаш“, рече Симоне.
Интересно, двете шпански екипи во осминафиналето имаат англиски противници, Барса игра против Њукасл, а Атлетико Мадрид против Тотнем.