Здодевно полуфинале меѓу Комо и Интер, финалистот ќе биде решен во Милано!

by riste
0 минути читање

Првиот полуфинален натпревар од италијанскиот куп меѓу Комо и Интер не донесе возбудувања, мечот заврши 0-0, а немаше и многу шанси за гол.

Комо е најпријатното изненадување оваа сезона во Италија, но не успеа да го победи актуелниот лидер на свој терен.

Сепак момците на Фабрегас рамноправно се носеа со посилниот противник и се обидуваа да дојдат до триумф.

Мечот заврши 0-0, а патникот во големото финале ќе се рашава на реваншот во Милано кој е закажан за 21 април.

Во другата полуфинална пресметка играат Лацио и Аталанта, нивниот прв дуел е утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×