Струга никако да победи, Башкими лесно до три бода на Чаир (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Струга Трим Лум и денеска ја продолжи само кризата во која игра од почетокот на вториот дел од сезоната. Поранешниот шампион не успеа да дојде до цел плен на гостувањето кај Брера Струмица, освојувајќи само бод во ремито без голови (0-0) во Струмица. Ова беше петти натпревар во низа без триумф за стружани и веќе борбата за титула со Вардар и Шкендија изгледа далеку.

Во првите 45 минути се играше отворено и динамично, со неколку сериозни закани на двете страни. Сепак, чуварите на мрежите беа сигурни и не дозволија промена на резултатот.

По паузата, Струга го засили темпото и ја презеде иницијативата, настојувајќи да го скрши отпорот на домаќинот. Но, струмичани одиграа дисциплинирано во одбраната, ги затворија приодите кон својот гол и на крајот заслужено се израдуваа на важен бод.

Во исто време, на Чаир, ФК Шкупи не успеа да го сочува домашниот терен од налетот на разиграниот Башкими Куманово.

Кумановци го отворија резултатот во 52. минута преку Никел Роналдо Ор, а потоа Рибеиро стави точка на натпреварот за конечни 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×