Иранскиот репрезентативец Мехди Тареми размислува за радикален потег кој ја разбранува фудбалската јавност.
Според информации од турски медиуми, напаѓачот на Олимпијакос побарал од управата на грчкиот клуб да му овозможи враќање во Иран по последните американски и израелски напади. 33-годишниот голгетер наводно ги известил челниците на клубот дека сака да се стави на располагање на управувачките и командните структури во својата земја со цел да придонесе во одбраната.
На блиски пријатели им порачал: „Ова е момент кога сум ѝ најпотребен на својата земја. Мојот народ и мојата татковина се во опасност и морам да бидам таму“.
Тареми во кариерата изгради име настапувајќи за Портo, потоа беше дел и од Интер, а со години е еден од клучните играчи на репрезентацијата на Иран.