Кризата во Тотнем продолжува и оваа сезона во Премиер лигата, а впечатокот е дека лондонскиот клуб доби „удар“ и од самата лига.
Имено, на официјалните профили на Премиер лигата беше објавено видео од голманот на лондонскиот клуб, Викарио, како изведува слободен удар кој завршува далеку од посакуваната цел, надвор од теренот. Во описот стоеше ироничен коментар: „Токму како што замисли. Интересен слободен удар на Викарио“, проследен со емотикон што се смее.
Vicario might be the funniest to ever do it. pic.twitter.com/SPLxiwdrJJ
— george (@StokeyyG2) March 1, 2026
Објавата експресно предизвика бурни реакции на Островот. Дел од навивачите сметаат дека ваков пристап е несоодветен и дека лигата не смее јавно да се потсмева со еден од своите членови преку официјалните канали.
