41
Иако сезоната ја отвори во одличен ритам, Килијан Мбапе во последниот период се соочува со сериозни потешкотии поради повредата на коленото која го измачува уште од декември.
Поради здравствените проблеми, францускиот голгетер ќе го пропушти натпреварот против Гетафе, а во меѓувреме донел одлука привремено да ја напушти Шпанија и да отпатува во Франција.
Според информациите, Мбапе не е целосно задоволен од третманот што го добива од медицинскиот тим на „кралевите“, па реши рехабилитацијата да ја продолжи во својата татковина.
Таму ќе биде под надзор на специјалисти кои треба да помогнат конечно да се санира повредата и напаѓачот што поскоро да се врати на теренот.