Диего Симеоне смета дека го има „лекот“ за Ламин Јамал

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека ќе се обидат да го неутрализираат Ламин Јамал со тоа што ќе го натераат да игра во одбрана.

Барселона утре го пречекува Атлетико во реваншот во полуфиналето во Копа дел Реј, гостите од Мадрид имаа предност од 4-0 од првиот натпревар.

Па на денешната средба со новинарите, Диего Симеоне беше запрашан дали има тактика за да го неутрализира Ламин Јамал, кој изминатиов викенд постигна хет-трик против Виљареал.

„Ламин Јамал е индивидуално многу квалитетен играч, особено непредвидлив во завршната третина од теренот“ – вели тренерот на Атлетико.

„За да го сопреме, ќе треба да го натераме да игра таму каде што се чувствува најнепријатно – во одбрана!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×