Сопственикот на Челси, Тод Боли вели дека немал поима кој е Марк Кукуреља, левиот бек бил купен само поради тоа што и Манчестер Сити сакал да го ангажира.
Тод Боли го предводеше конзорциумот кој го купи Челси од Роман Абрамович, а бизнисменот од САД првото лето беше и „привремен спортски директор“.
Тој сега открива дека всушност не знаел што треба да работи и откри дека го купил Марк Кукуреља за рекордни 63 милиони фунти, само поради тоа што Манчестер Сити бил заинтересиран за левиот бек.
„Кога го презедовме клубот, целото раководство, сите директори си заминаа, па јас „заглавив“ со улогата на спортски директор и немав поим што значи тоа фудбалерот да е навистина добар“ – вели Тод Боли.
„За пример ќе го дадам Марк Кукуреља, чим Манчестер Сити сака да го купи, тогаш и јас сакам. Едноставно така функционирав тогаш“.
Марк Кукуреља е еден од играчите кои ги оправдаа очекувањата на „Стемфорд Бриџ“, но поголемиот дел од имињата кои пристигнаа, потфрлија.