Соиграч на Миовски даде спектакуларен гол со ножички во „Олд Фирм“ дербито! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Градските ривали Глазгов Ренџерс и Селтик одиграа уште едно драматично „Олд Фирм“ дерби, кое заврши без победник 2-2 во 29. коло од Премиер лигата на Шкотска.

Домашниот тим блесна во првото полувреме и за половина час стекна предност од 2-0, откако Шермити најпрво погоди атрактивно со „ножички“, а потоа уште еднаш ја затресе мрежата. Сепак, по паузата следуваше пад во играта на Ренџерс.Киeран Тирни намали во 57. минута и го најави камбекот на „келтите“, а израмнувањето го донесе Рео Хатате. Јапонецот не реализираше пенал од прва, но од одбиената топка успеа да погоди за конечни 2-2.

Бојан Миовски остана на клупата за резерви. Со ремито двата тима пропуштија можност да се доближат до лидерот, но трката за врвот останува отворена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×