Интер бргу го заборави Бодо и се врати на рутината во калчото (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер не дозволи елиминацијата од Лигата на шампионите да остави трага врз тимот и со мирна и сигурна игра славеше против Џенова со 2-0 во 27 коло од Серија А.

На „Џузепе Меаца“ домашните го решија мечот без многу драма. По неколку предупредувања, резултатот го отвори Федерико Димарко со одличен волеј по асистенција на Хенрих Михтарјан. Во вториот дел Хакан Чалханоглу од пенал ги постави конечните 2-0.

Со новите три бода, составот на Кристијан Киву стигна до 67 и има убедлива предност во однос на конкурентите. Интер е сè поблиску до ново скудето, додека Џенова останува во опасната зона и ја продолжува битката за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×