Струга Трим Лум не го започна најдобро пролетниот дел од првенството во Првата лига. Во првите три кола освои само еден бод, а денеска ја очекува дерби-дуел против Вардар. Можеби тимот ќе реагира против противник од највисоко ниво и ќе започне серија победи за повторно да се вклучи во трката за шампионската титула.
Пред дербито во 20. коло на ПМФЛ своите очекувања ги сподели капитенот на стружани Буњамин Шабани.
„Иако не стартувавме како што посакувавме, работевме напорно за да им се вратиме на победите и мислам дека дојде вистинскиот момент да почнеме да победуваме и да се вратиме на позитивните резултати“, вели капитенот Буњамин Шабани. Вардар е лидер на табелата и има квалитетни фудбалери, но и ние имаме одличен колектив што може да се носи со секој противник. Ги пропуштив првите натпревари поради повредата што ја добив во подготвителниот период, но сега тоа е зад мене и подготвен сум да го дадам максимумот и да му помогнам на тимот“, изјави Шабани.
Од таборот на вардарци се обрати играчот кој порано ги бранеше боите на Струга, Немања Босанчиќ.
„Денеска мора да одиграме на највисоко ниво како би се рехабилитирале колку толку по она што ни се случи во Купот на Македонија. Теренот во Струга, Трим Лум како противник е тежок сериозен, но ние веруваме во нашите способности. Со победа добиваме многу, и затоа ќе направиме се за да ги однесеме трите бода за Скопје“, изјави Босанчиќ.
Дербито меѓу Струга и Вардар е на програмата во 14:00 часот на „Градскиот стадион“ во истоимениот град.