Бутрагењо ги остави навивачите на Реал во неизвесност: Не знаеме дали ќе игра против Манчестер Сити

by bojan
1 минути читање

Директорот на Реал Мадрид, Емилијо Бутрагењео вели дека малку е чудно што пет години по ред играат против Манчестер Сити, и додава дека во моментов не е јасно дали Килијан Мбапе ќе биде подготвен за двомечот со „граѓаните“.

Денешната жрепка во Лигата на шампиони одново ги спои Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Чудно е што играме со нив секоја сезона, мислам дека пет години по ред се среќаваме“ – вели директорот на Реал, Емилио Бутрагењо.

„Се познаваме добро, Пеп Гвардиола има квалитетен и широк состав и тоа му дава многу опции“.

„Првиот натпревар го играме на домашен терен, па ќе треба да обезбедиме добар резултат пред реваншот во Мадрид“.

Запрашан дали Килијан Мбапе ќе биде подготвен за двомечот, тој ги остави навивачите во неизвесност.

„Да се надеваме дека повредат не е сериозна, бидејќи тој е многу важен за нас. Во моментов, не знаеме дали тој ќе настапи против Манчестер Сити“.

Французинот се мачи со повреда на коленото, не е задоволен од начинот на кој „кралевите“ ја менаџираат, и сака целосно да ја санира пред да се врати на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×