„Сините“ не се задоволни од прикажаните игри на Лијам Делап и Алехандро Гарначо, па доколку пристигне примамлива понуда, подготвени се да се разделат по само 12 месеци.
Челси минатото лето издвојува неколку важни битки на трансфер пазарот и успеа да ги победи ривалите за потписите на Лијам Делап и Алехандро Гарначо.
Но двајцата играат под очекувањата на „Стемфорд Бриџ“ и „сините“ полека го губат трпението.
Доколку Англичанецот и Аргентинецот драстично не ја подигнат формата во следните месеци, па лесно можат да се најдат на излезна врата.
Доколку летоска пристигне примамлива понуда, Челси е подготвен да се раздели и со Лијам Делап и со Алехандро Гарначо.
За нив ангажман беа платени околу 75 милиони фунти (35 за Делап и 40 за Гарначо), па слични суми ќе бидат потребни за нивна продажба.