Драма на клупата на Јувентус, Турам со солзи во очите: Требаше да дадам гол! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Кефрен Турам имаше драматична реакција на клупата на синоќешниот натпревар против Галатасарај во Лигата на шампиони, Французинот не можеше да се помири со промашувањето кое го имаше.

Јувентус вчера беше на чекор до чудесен кам-бек против Галатасарај во баражот во Лигата на шампиони, иако цело второ полувреме играше со играч помалку, стигна до 3-0 и продолженија, но на крајот загуби со 3-2.

Сепак, резултатот можеше да биде поинаков, домаќините пропуштија неколку добри прилики за гол.

Таква беше и ситуацијата на Кефрен Турам, кој излезе сам пред голманот во 77. минута, се обиде да го лобува, но промаши и резултатот тогаш остана 2-0.

Кратко потоа Французинот беше повлечен од игра, а камерите уловија драматични сцени на клупата.

Кефрен Турам се држеше за глава и со солзи во очите велеше: „Требаше да дадам гол, требаше да дадам гол!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×