Скапо ја плати Јувентус цената на промашувањата и големиот пораз во Истанбул, па поради вечерашното одлично издание на свој терен против Галатасарај во кое славеа со 3-2 по продолженија не беше доволно за осминафинале во Лигата на шампионите.
Tргна офанзивно Јувентус уште од самиот старт, веднаш создаде неколку прилики пред голот на гостите од Турција, сепак резултатот беше отворен дури во 37-та минута. Пенал беше направен над Гати, а најстрогата казна во гол ја претвори Локатели. Голема шанса за втор гол пред паузата пропушти Дејвид по додавањето од Јилдиз.
Под одличното прво полувреме на стартот од вториот следеше вистински шок за домашниот состав. Кели по еден невнимателен старт во воздушен дуел заработи директен црвен картон во 48-та минута.
Но, Јувентус продолжи да доминира и со играч помалку, Галатасарај се бранеше и ја чуваше предноста од првиот дел. На 20-тина минути пред крајот Гати по неколку обиди со глава кои завршија над голот конечно погоди за 2-0. Вистинска ерупција на стадионот настана кога Мекени во 82. минута погоди за 3-0 и така го израмни резултатот на вкупни 5-5.
Со тој резултат натпреварот отиде во продолженија. Таму огромна шанса пропушти Жегрова кој од пет-шест метри по додавањето од Мекени имаше речиси празен гол пред себе, но шутираше катастрофално лошо и топката заврши покрај голот.
An amazing chance missed by Edon Zhegrova pic.twitter.com/Bq6Lfplv8C
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 25, 2026
Набрзо потоа стигна казната на спротивната страна Осимен се најде во идеална позиција и го матираше Перин. До крајот „старата дама“ се закани повторно против Жегрова, удар упати и Костиќ, но изостана реализацијата. Конечниот резултат во последните секунди го постави Бариш.