Килијан Мбапе му се налути на Реал Мадрид, нејасно е кога ќе се врати на терените

by bojan
1 минути читање
Мбапе постигна атрактивен гол против Борусија Дортмунд

Како што пренесува Марка, Килијан Мбапе не е задоволен од начинот на кој Реал Мадрид ја менаџира неговата повреда и ќе паузира се додека целосно не се решат проблемите со левото колено.

Килијан Мбапе нема да настапи вечерва против Бенфика во Лигата на шампиони, а најверојатно ќе пропушти и уште неколку натпревари.

Во моментов не е јасно кога напаѓачот ќе се врати на терените, како што пренесува Марка, тој му се налутил на Реал Мадрид и не е задоволен од начинот на кој се менаџира неговата повреда.

Французинот ќе паузира се додека не се најде трајно решение за проблемите со левото колено, идејата е да го дочека клучниот дел од сезоната во врвна форма.

Се шпекулира дека Килијан Мбапе сигурно нема да игра против Хетафе во понеделник, како и следниот викенд против Селта.

Доколку се оди според планот, напаѓачот ќе треба да се врати во тимот за евентуалното осминафинале во Лигата на шампиони на 10. или 11. март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×