Тешко е во Мексико да се игра фудбал: Фудбалерки бегаа по терен – мислеа дека одекнуваат пуктоници (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Женски фудбалски натпревар во Мексико беше прекинат откако во близина на стадионот се слушнале звуци налик на пукање, поради што фудбалерките на двата тима панично го напуштиле теренот барајќи засолниште.

Овој инцидент се случува во период на засилено насилство во земјата, откако мексиканските безбедносни сили ликвидираа водач на озлогласен нарко-картел, само неколку месеци пред почетокот на Светското првенство, на кое Мексико е еден од домаќините.

Станува збор за натпревар од најсилната мексиканска женска лига меѓу екипите на Нексака и Керетаро Феменил, одигран на стадионот „Викторија“. Судијката во еден момент ги испратила фудбалерките во соблекувалните, додека околу 400 гледачи на трибините побарале заклон мислејќи дека почнале пукотници.

Прекинот траел околу петнаесет минути, по што надлежните информирале дека звуците не биле од огнено оружје, туку од автомобили во рамки на авто-шоу што се одржувало во близина. Откако ситуацијата се смирила, фудбалерките се вратиле на теренот и натпреварот продолжил без дополнителни проблеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×