18
Фудбалерите на Фиорентина попладнево ја победија Пиза со 1-0 и на тој начин конечно тимот од Фиренца по подолго време излезе од опасната зона.
„Виолетовите“ фатија ритам во клучен момент од сезоната и во последните три кола освоија седум бодови, биланс што им донесе скок на табелата и надеж дека работите конечно тргнаа во добра насока.
Со триумфот над Пиза, Фиорентина се искачи на 16. позиција. Бодовно се израмни со Кремонезе и Лече, но подобрата гол-разлика во моментов ја држи чекор пред директните конкуренти.
Решавачкиот момент се случи рано, во 13. минута, кога Моизе Кин ја затресе мрежата и донесе водство кое подоцна се покажа како доволно за цел плен.